Во Собранието на Република Македонија предложен е Закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка.
„Со предложените измени на Предлог на Закон за изменување на Законoт за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија се врши продолжување на рокот утврден во членот 3 од Законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, односно се продолжува рокот за продажбата и давањето под закуп на спортските објекти над кои права, должности и одговорности во поглед на користењето, управувањето и располагањето има Република Македонија до 01.05.2016 година, преку користење на електронско јавно наддавање согласно одредбите на овој закон“, се вели во законското образложение.
Покрај измените на за изменување на Законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, предложение се и измени Законот за спортот, исто така, по скратена постапка.
„Со Законот за спортот се уредуваат условите и начинот на вршењето на дејноста спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот во надлежност на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, стопанисувањето со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, како и други прашања од значење на спортот. При имплементацијата на Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот се појави потреба од дополнително време за реализација на активностите предвидени со Законот за спорт, како и прецизирање на преодните и завршни одредби“, се вели во обрзложението на законските измени.