Познатата пејачка Шакира се чини дека има проблеми со продажба на своjата луксузна вила во Мајами Бич.
Таа е сопственик на вилата 13 години. Минатата година ја ставила на продажба по цена од 14.95 милиони долари, а сега цената паднала за речиси цели два милиони. Оваа латино поп ѕвезда ја купила оваа вила од речиси 1000 м2 во 2001 година, по цена од 3,3 милиони долари, и троструко ја зголемила нејзината вредност, додавајќи спални соби и бањи, заради што сега вилата има дополнителни 180 м2.
Вилата, која има седум спални соби и осум бањи, светло дрвени подови, ултра модерна и луксузна кујна, се наоѓа на прекрасен имот кој е отворен кон океанот и има голем базен и приватно пристаниште.
Нејзините соседи во префинетата North Bay улица се Алекс Родригез, Рики Мартин, Џенифер Лопез, Мет Дејмон и многу други.