Легендарната актерка Кетрин Хепберн која почина во 2003 година, поседува фантастичен имот на брег во Конектикат, кој сега е ставен на продажба.
Сите љубители на луксузен живот со длабоки џебови, сигурно ќе бидат воодушевени со оваа понуда. На овој имот таа израснала и секогаш со задоволство се враќала таму во текот на својата кариера.
Резиденцијата, која го краси овој имот од 1,47 хектари, има совршен поглед на Лонг Ајленд. Овој имот е изграден од страна на семејството на актерката во 1913 година, но оригиналниот дом бил уништен за време на ураганот во 1938 година.
Луксузната главна резиденција има околу 1.000 м2 простор, и се шири на три нивоа. Со шест убави спални соби, при што секоја од нив има своја приватна бања, оваа вила е украсена со седум камини.
Работна соба, градина, перална, како и гаража за две возила го комплетираат овој имот, дозволувајќи им на сопствениците и гостите да уживаат во животот, да бидат опуштени и разгалени, токму како што им прилега на светските филмски ѕвезди.