Верувале или не, се продава италијанско село Borgo за 28 милиони долари.
Ако заинтересираниот не знае која куќа да ја избере или вила со голем имот и голем простор околу неа, тогаш може да го купи целото село. Тоа звучи како приказна од филм, но, сепак, навистина Borgo се продава, а наскоро ќе го добие и својот сопственик.
Borgo се наоѓа во централниот дел на Италија, на 35 км од Спалато и 72 км од Перуџа. Ова место е навистина неверојатно, и со негова помош, ќе се вратите во минатото. Селото е целосно реставрирано и модернизирано, само се чекаат новите сопственици.
Изгледот на селото е негова најсилна провокација. Мали, ниски, еднокатни домови, поплочени патишта и преубав поглед, го прави Borgo место на соништата. Самиот факт дека можете да живеете во мал дел од минатото звучи неверојатно. Во селото има 60 независни станови и куќи, а постои и стара црква, која придонесува за автентичниот изглед.