Резиденција во Тоскана, каде што некогаш живеел славниот Микеланџело, се продава за 7,5 милиони евра. Иако зданието е обновено неколку пати во минатото, самиот факт дека во неа живеел големиот Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni, ренесансен сликар, скулптор, архитект и поет, еден од најважните и најсестраните уметници на сите времиња, е вредно за восхит.
Иако во оваа камена вила со десет спални нема негови уметнички дела, како што се на пример фрески, неговото влијание се уште е видливо во некои детали. Собите се карактеризираат со сводови и греди. Исто така, има и теракотни плочки со кои се поплочени подовите на ентериерот, а во кујната може да се види изворно сочуваното камено огнниште, како и мијалник. Имотот е изолиран и опкружен со прекрасно зеленило, а тука се неминовните богати градини.