Со години, Деми Мур беше горд сопственик на еден од најубавите апартмани во Њујорк.
Оваа светски позната актерка го купила овoj стан во текот на деведесеттите години на минатиот век, кога таа била во брак со Брус Вилис и неодамна го стави на продажба по цена од 75 милиони долари. Пентхаусот се наоѓа во Сан Ремо, кој исто така е дом на голем број популарни личности, како што се Стивен Спилберг, Дастин Хофман и Дајан Китон, но станот на Деми Мур е уникатен – тоа е најголемата резиденција во оваа зграда, која има сопствен парк и има свој приватен простор на отворено.
За 75 милиони долари може да се добие овој богато декориран апартман од 700 м2, што се протега на два ката. Првото ниво на овој апартман се наоѓа на 26 кат и содржи голема дневна соба, трпезарија, простор за појадок и модерна кујна.
На второто ниво се наоѓаат пет спални соби, како и простории за послуга. Скалите одат директно до online casino 28 кат каде се наоѓа соба за забава, соба со дупла висина, уште една кујна и голем простор за гости, со бања и работна соба.
Од собите за забава, лесно се пристигнува до фасцинантните тераси со својот совршен панорамски поглед на градот и Централ Парк. Овој апартман е дом од сонот на многу милијардери, и сигурно дека Деми Мур брзо ќе најде купувач.