Луксузниот шведски остров, кој претходно бил во сопственост на контроверзниот Тајгер Вудс и неговата поранешна сопруга Елин Нордегрен, сега е на продажба.
Овој остров од 62 хектари на езерото Mälaren, кое е трето по големина во Шведска, содржи софистициран голф терен, ловечка куќа, како и приватна авионска писта. Иако е дрвена конструкција, овој дрвен дом ги содржи модерните удобности како што се луксузна кујна, бар за доручек, печка за дрва со посебна вентилација, а тука се и џакузи и скара на плин.
На овој имот се наоѓа приватно пристаниште за брод, историска тврдина, простор за пасење коњи, како и два мали острови со водна површина од околу 500 хектари. Резиденцијата на овој остров е една вила која се наоѓа на оваа голема површина.
Овој остров е уникатен по својата приватност и прекрасен изглед. Има недопрени предели, преубави бујни паркови, отворени полиња и прекрасен поглед на езерото.