Американската актерка била навистина воодушевена од прекрасниот дворец „La Croix des Gardes“ во Кан, на Азурниот брег, во текот на снимањето на својот последен филм во режија на Алфред Хичког, по кој го напушта актерството и станува принцеза на Монако.
Се работи за филмот „To Catch a Thief“ снимен во 1955 година, во кој нејзин партнер е Кери Грант.
Дворецот се наоѓа во „Quartier des Anglais“ над морето и има фасада во фиорентински стил, како и градини кои гледаат кон заливот.
Има 13 спални соби, пространа и прекрасно уредена градина како и турска бања. Вилата се наоѓа на продажба по прв пат од 1960 година.
За продажбата е задолжена аукциската куќа Sotheby’s.