Најскапата куќа во САД е понудена на пазарот за цена од 295 милиони американски долари. Се вика The One, а сместена е во Бел Ер во Лос Анџелес, и речиси двојно е поголема од Белата куќа. Има 21 спална и 49 бањи. Тука се и пет базени, ноќен клуб, козметички салон, спа содржини, приватно кино за над 40 луѓе и сл. Објектот има двокатна библиотека, бар, куглана и вински подрум. Имотот вклучува и тениски терен, како и гаража за над 30 автомобили.