Познатиот американски дизајнер Tommy Hilfiger неодамна објави дека го продава својот луксузен дуплекс на Менхетен за неверојатни 80 милиони долари.
Овој ексклузивен пентхаус, кој се наоѓа на врвот на хотелот „Плаза“, така се најде на продажба на листата на најпознатите луксузни станбени објекти на Менхетен.
Дуплексот, кој ги зафаќа 18-ти и 19-ти кат на хотелот „Плаза“ има околу 1800 квадратни метри површина, содржи пет спални соби, пет бањи и неверојатно убава тераса што го опкружува и нуди неверојатен поглед на Централ Парк и Петта авенија.
Овој моден магнат го нарече својот дом „Небесен замок“, а судејќи според фотографиите, домот со спектакуларниот поглед навистина е тоа.
Своевремено, Hilfiger ги откупил двата стана во овој хотел, за „само“ 25 милиони долари, трансформирајќи ги во голем дуплекс.
Откако тој и неговата сопруга Ди потрошиле повеќе од 17 милиони долари на уредување на луксузниот ентериер, чиешто реновирање траело речиси три години, цената на станот ја достигна неверојатната сума. Вешто комбиниран и дизајниран навидум со некомпатибилни стилови, ентериерот на овој пентхаус е навистина посебен и интересен.