Познатиот пејач Елтон Џон е сопственик на колекција скапи автомобили, којашто содржи бројни класични и многу ретки модели.
Еден таков примерок е 1985 Aston Martin V8 Vantage, кој пејачот го купил по нарачка, и сега е достапен за продажба.
Овој легендарен модел Royal Cherry Aston Martin V8 Vantage Saloon, бил нарачан со опција која дозволува отстранување на потпирачите за глава.
Со тапацир во боја на магнолија, кој совршено се совпаѓа со надворешната боја на овој автомобил, моделот има BBS тркала и „Сони“ стерео систем.
Со оригиналната C194 BYW регистерска табличка која е недопрена, и со рачен менувач со пет брзини, автомобилот има и RSQ 7.0 литарски мотор и опција за подобрување на пренос.
Автомобилот секогаш бил сервисиран од страна на специјалисти од брендот „Астон Мартин“.
Автомобилот има поминато 73.973 километри – колку што покажува и километражникот.
Со овој модел, идниот сопственик добива и дополнителни документи кои содржат оригинален прирачник, уверение за потекло, сметки и записи со гаранции, МОТ сертификати и брошура потпишана од страна на славниот пејач.