Куќата на италијанскиот ренесансен сликар, вајар и архитект Микеланџело Буонароти сместена во Тоскана, е огласена за продажба. Се работи за прекрасен објект во овој идиличен и романтичен крај на Италија, кој некогаш му припаѓал на славниот уметник. Имотот има огромна површина, достојна на апсолутната легенда во уметноста, а самата куќа поседува осум спални и седум бањи.
На имотот се одгледуваат лимони, маслинки и винова лоза, а во последните 300 години, тој бил во сопственост на иста фамилија. Вредноста е проценета на 6 милиони евра.