Bill Omar Carrasquillo, youtuber кој е познат како Omi in a Hellcat, бил сопственик на импресивна колекција автомобили, но сега остана без нив бидејќи возилата се продаваат на аукција. Omi е лишен од слобода и осуден е на 66 месеци затвор и пет години условно, поради измами кои се во врска со кабловската телевизија. Тој и уште некои некови соучесници со измама доаѓале до налози за кабловска телевизија, а потоа на на своите претплатници им ги препродавале содржините. Наводно, групата заработила повеќе од 30 милиони долари на ваков начин, а парите ги користеле за купување на куќи и автомобили.
Споменатиот youtuber е осуден и за низа други дела, меѓу кои и перење пари, затајување на данок и сл. Наредено му е да плати оштета на кабловските оператори во вредност од 10,7 милиони долари, 5 милиони долари на даночната управа, а ќе остане и без незаконската добивка од 30 милиони долари. Неговата колекција на автомобили е понудена на продажба и се состои од вкупно 32 автомобили, како и неколку квадови, мотоцикли и дриги возила. Меѓу нив се по два примероци од моделите Jeep Grand Cherokee Trackhawk, Dodge Challenger и Dodge Charger SRT Hellcat, Dodge Durango SRT, четири Lamborghini, два Ford Mustang, Audi R8, Acura NSX, Bentley Continental GT, BMW M8, Toyota Supra, Honda Civic Type R и други. Посебно внимание привлекува Lamborghini Aventador LP740-4S од 2019 година.