Тунелите Клопот и Јабучки крш ќе бидат целосно пробиени до средина на следниот месец и тоа ќе бидат први пробиени тунели на приоритетната делница од автопатот Бар-Бољаре. Тоа го наведоа претставниците на кинеската компанија CRBC, која е главен изведувач на работите на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора.