Насловна / Вести / Се приближуваме кон „еколошки Армагедон“

Се приближуваме кон „еколошки Армагедон“

Бројот на летачки инсекти е намален за 75 отсто во последните 25 години, според една студија која сугерира дека се приближуваме кон „еколошки Армагедон“.

Импликациите за човештвото се длабоки, бидејќи инсектите имаат суштинска улога за животот на Земјата како опрашувачи на растенија и плен за поголемите животни.инсекти

Иако беше познато дека видовите како пчелите и пеперутките се намалуваат, научниците останаа шокирани од падот на бројките низ природните резервати во Германија, пренесе Индепендент.

Иако една причина не е идентификувана, широко распространетото уништување на дивите површини за земјоделство и употребата на пестициди се сметаат за најверојатни фактори. Климатските промени исто така се наведени со потенцијална улога.

Дејв Гулсон, професор по природни науки на Универзитетот во Сасекс и коавторот на студијата, рече: „Инсектите сочинуваат околу две третини од животот на Земјата, но има некаков ужасен пад.“

„Се чини дека создаваме огромни површини на земја кои се негостопримливи за повеќето форми на живот, и во моментов се на пат кон еколошки Армагедон. Ако ги изгубиме инсектите тогаш сѐ ќе се распадне“.

Испрати коментар

Scroll To Top