Насловна / Вести / Се прави проект за плоштадот ВМРО

Се прави проект за плоштадот ВМРО

rsz_плазаа
Град Скопје склучи договор со фирмата ФАKОМ, која треба да изработи основен проект за изградба на плоштадот ВМРО, во вредност од 952.260 денари. Плоштадот, кој ќе се простира на површина од 700 метри квадратни, ќе се наоѓа зад трговскиот центар „Плаза“.

Надлежните од Градот неодамна информираа дека имаат намера да ја уредат локацијата, во чија околина подолго време трае изградбата на катна гаража и на подземна улица. Според деталниот урбанистички план за овој реон, на оваа парцела се зацртани споменик и фонтана.

Испрати коментар

Scroll To Top