Бројот на граѓаните на арапските земји кои купуваат недвижнини во БиХ значително порасна. Абдулах Ал Саноси од Кувајт, кој недалеку од Сараево купил недвижнина, објаснува зошто се повеќе луѓе од Обединетите Арапски Емирати доаѓаат во БиХ и на одмор и да купат недвижнини. Ал Саноси вели дека го привлекло убавото време, но и добрите цени.
„Луѓето од Блискиот Исток овде доаѓаат поради природата и убавото време, многу ниските цени на недвижностите и затоа што се чувствуваат дека се со свој народ“, вели 28-годишниот Ал Саноси, кој во Кувајт работи во медиумската индустрија. Тој сега живее во населба која е отворена минатата година, а која е во сопственост на кувајтски инвеститори.
До крајот на јули од ОАЕ пристигнаа 13.000 гости. А во 2010 ги имаше само 65. Неофицијалните резултати зборуваат дека годишно во БиХ доаѓаат 50 до 60 илјади туристи од арапските земји, а четвртина од нив одлучува да купи некаква недвижност.