Јужнокорејски научници развиле робот кој би требало значително да го намали ризикот од зараза со коронавирус помеѓу медицинските работници, како и да обезбеди пациентите побезбедно да се тестираат од вирусот.
Рака на робот тестирањето го врши со стапче за земање брисеви од носот, а целиот процес го контролира медицински персонал кој управува со роботот со помош на контролори. Така прегледот може да се извршува на далечина, односно од друга просторија, додека лекарите целиот процес можат да го гледаат на екран.
За да не дојде до повреди, бидејќи е неопходно стапчето за земање брис да се стави длабоко во носот, научниците конструирале стабилизатор за глава на кој се потпираат пациентите во тек на извршување на тестирањето.
„Ваков робот наскоро ќе стане редовен дел на секоја болничка ковид амбуланта, за да се заштитат лекарите и медицинскиот персонал, а да се добијат вистински и брзи резултати“, нагласува Сен Јо Хо, од корејската здравствена служба.
Меѓутоа во Кореја се отидени и подалеку. Во сите поголеми дуќани и трговски центри, постојат роботи кои ја следат промената на оние кои влегуваат или излегуваат. Тие се во состојба веднаш да откријат кој е сомнителен и потенцијално заразен, а потоа настапува аларм и хитно тестирање.
„На овој начин откривме околу пет илјади заразени со вирусот корона. Роботи има се повеќе и стануваат се посовршени, дотамо што во иднина ќе можат да ги откријат и честиците корона во воздухот“, најавува Ли Мин Чан, менаџер на трговски центар.
Во Јужна Кореја во тек е акција за замена на сите клима уреди, кои се опасни за ширење на вирусот. Секој трговец е должен на свој трошок да угради нов систем, бидејќи во спротивно ја губи лиценцата за работа.