Првата лебдечка фарма од ветерници во светот се формира во близината на северисточниот дел на Шкотска. Ваквата револуционерна технологија ќе овозможи користење на енергијата на ветерот во води кои се предлабоки за конвенционалните стоечки турбини.
Засега е поставена само една турбина, а уште четири чекаат да бидат распоредени. Оваа фарма е тест кој ќе обезбеди струја за 20.000 домаќинства, а компанијата „Статоил“, производител на турбините соопшти дека очекува количеството на енергија добиено од лебдечката фарма да ги надмине сите што веќе постојат.
Компанијата се надева дека развојот на технологијата ќе донесе заработувачка, особено во Јапнија и на западниот брег на САД, каде што водите се длабоки. Исто така се верува дека во иднина и производството на турбините ќе чини многу помалку отколку сега, па лебедечките фарми ќе станат целосно конкурентни.