„Greenpeace“ ја обвини владата на Полска дека ги игнорира предупредувањата на научниците против сечењето на стеблата во Бјаловешката шума, која е стара над 10.000 години. Полска одобри сечење на дрвјата во сериозен обем (180.000 кубни метри) во најстарата шума поради наезда на бубачки. На овој потег се противат не само научниците и еколозите туку и Европската Унија.
Протестирајќи заедно со други организации за зачувување на животната средина, од „Greenpeace“ истакнуваат дека сечата на шумата може да ја поттикне ЕУ да преземе казнени мерки против Полска заради кршење на одредбите од програмата Natura 2000.
Бјаловешката шума се простира на 150.000 хектари, се наоѓа на двете страни од полско-белоруската граница и заштитена е како парк на природата.