Насловна / Вести / Се подготвува првата фотографија од црна дупка

Се подготвува првата фотографија од црна дупка

Астрономите се подготвуваат да ја направат првата фотографија од црна дупка. Станува збор за Sagittarius A*, најголемата црна дупка во нашата галаксија. Се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, а со помош на меѓународната соработка на проектот Event Horizon Telescope, група научници ќе користат девет радио телескопи за да направат снимка.

Во меѓувреме, научници од MIT развиваат посебен алгоритам за спојување на фотографиите за да се добие една целина.crna dupka

Инаку, црната дупка е оддалечена 25.000 светлосни години од Земјата, а фотографијата би требало да биде направена во 2017 година. Точниот датум не е одреден поради специфичната задача.

„Фотографирањето на црна дупка во центарот на Млечниот Пат е исто како да фотографирате грејпфрут на Месечината, но со радио телескоп“, вели Кејти Боуан, водач на истражувањето за алгоритамот од MIT. „За да се фотографира нешто толку малечко потребен е  телескоп со дијаметар од 10.000 километри, што од друга страна не е толку практично, бидејќи дијаметарот на Земјата не е 13.000 километри“, вели таа.

Употребата на телескопи низ светот ќе им овозможи на астрономите да ја достигнат потребната резолуција.

Испрати коментар

Scroll To Top