Насловна / Вести / Се планира изградба на најдолгиот подморски електроенергетски интеконектор

Се планира изградба на најдолгиот подморски електроенергетски интеконектор

Тројца европски бизнисмени предлагаат поставување на подморски електроенергетски интерконектор, со кој Европа би се поврзала со Северна Америка. Тоа би бил најдолгиот интерконектор на светот. Т.н Трансатлански интерконектор, кој сеуште е само идеја, би се состоел од три пара високонапонски кабли со должина од над 3.200 километри, кои би биле положени на дното на Атланскиот океан и така би го поврзале западниот дел на Велика Британија со источна Канада, а можеби и Њујорк со западна Франција.

Овој интерконектор би ја снабдувал Северна Америка со енергија од европските соларни електрани во време кога сонцето сјае во Европа и обратно. Имено, кога сонцето е во зенитот во Европа, вишокот енергија би можело да се испорачува во САД, и обратно. Капацитетот се планира да биде околу 6GW. Сето ова е сеуште на ниво на разработка на проектна идеја и не се очекува реализација пред средината на наредната деценија. Ќе бидат потребни значителни инвестиции од неколку земји, а грубата проценка е дека би чинел над 20 милијарди фунти. Сепак заговорниците на проектот тврдат дека тој ќе има значајна улога и на геополитички план, односно ќе му помогне на Западот во енергетската војна со усија, но и во натпреварувањето со Кина за доминација во технологиите за обновливи извори на енергија. Предлагачите го нарекле овој проект NATO-L (North Atlantic Transmission One-Link).

Испрати коментар

Scroll To Top