Во Националната галерија на портрети во Лондон, следната година се планира да се отвори голема изложба посветена на актерската дива Одри Хепберн.
На почетокот на својата актерска кариера, Одри Хепберн добила понуда за работа како танчерка во лондонскиот ноќен клуб Ciro. Овој клуб се наоѓа на денешната локација на Националната галерија на портрети, и таквата необична коинциденција, според кураторите на галеријата, едноставно е совршена.
Изложбата, која ќе се отвори во јули 2015 година, ќе донесе ретроспектива на повеќе од 60 уникатни фотографии кои се создадени низ кариерата на актерката и биле создадени од најголемите фотографи Ричард Аведон, Сесил Битон, Норман Паркинсон и Ирвинг Пен. Фотографската изложба треба да ги приближи сите аспекти од животот на Хепберн. Изложбата ќе трае до 18 октомври 2015 година.