Насловна / Вести / Се отвора најдолгиот тунел на светот

Се отвора најдолгиот тунел на светот

Утре (1 јуни), во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел на светот наречен „Готард“, кој ќе минува низ срцето на швајцарските Алпи. Тунелот е долг 57 километри, чинел 12 милијарди швајцарски франци, а во изградбата биле ангажирани 2.400 работници.gotard_1

Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути. Тунелот „Готард“ според својата должина го престигнува јапонскиот тунел Сеикан, кој со 53,9 километри досега беше најдолг на светот.Gotthard-Basistunnel: Spitzengeschwindigkeiten bis zu 250 km/h / Gotthard Base Tunnel: Top speeds of up to 250 km/h

Идејата за изградба на ваков тунел датира уште од 1947 година. Се работело за еден визионерски проект на швајцарскиот инженер Карл Едуард Грунер, за кој самиот тој изјавил дека е возможно да се реализира на почетокот на 21виот век.gotard_3

Изградбата официјално започнала во 1999 година со многу бирократски и финансиски проблеми и загриженост во врска со одржливоста на проектот. Во 1998 година граѓаните на Швајцарија преку референдум одлучиле за изградбата на тунелот.gotard_5 gotard_6 gotard_8 gotard_9

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top