Леден брег наречен D28 со површина од 1.636 квадратни километри, дебелина 210 метри и тежина 315 милијарди тони се одвои од големата ледена плоча Амери на Антартикот.
Сепак, изгледа дека ова случување не е поврзано со климатските промени, наведува ВВС. Поголем леден брег од Амери не се одвоил од раните 60-ти години на минатиот век. Брегот кој тогаш се одвоил бил со површина од 9.000 квадратни километри.
Амери е трета најголема плоча на Антартикот и клучен одводен канал за источниот дел на континентот.
Експертите движењето на големиот леден блок ќе го следат многу внимателно, бидејќи тој може да стане опасен за пловидба на бродовите.