Насловна / Архитектура / Се одржа осмото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“

Се одржа осмото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“

„Под земја полесно се дише“ е мултимедиумски фестивал, кој опфаќа широк спектар на уметности. Од ликовна уметност до литература, видеопроекции, уметнички инсталации… Фестивалот нуди различни околности при консумирањето на уметноста. Локацијата е несекојдневна, просторот неконвенционален за реализација на уметнички активности, а колективот што го реализира настанот го прави тоа без финансиска помош од ниту еден институционален фактор.

Со помош од публиката која придонесува фестивалот да биде самоодржлив веќе осум изданија. Токму тоа го прави „Под земја полесно се дише“ уникатен и единствен. Настанот е во организација на „Кула“.

1

Симболиката на насловот „Под земја полесно се дише“ е репрезентатив на нечистиот скопски воздух, но и на нечистиот уметнички простор, кој во моментот на создавање на фестивалот беше доминантен на македонската културна сцена. Неможноста на младите автори да ја презентираат својата уметност во институциите изградени над земја, ги мотивира тоа да го сторат во простор под земја.

На ликовната програма на годинешното издание учествуваа: Душан Стефановски, Јован Јосифовски, Ана Трајковска, „Партизанска штампа“, Марко Гутиќ Мижимаков и Ника Печарина, Маркус Броунлоу, Селчук Чолакоглу, Камелија Каламеринкова, Илина Василеска, Соња Ставрова и Бранкица Јордановска, Сања Симоска, Самир Карахасан, Ертунч Сали.

3

На музичката програма настапија: „Дивоградба“, алтернативен звук измешан со постпанк-звукот, „Мариналеда“, панкрок-бенд од Скопје, „Перија“, музички состав што може да се класифицира како дарк-фолк или ворлд мјузик. Нивната музика е експеримент составен од музичките влијанија на членовите, кои варираат околу традиционалната музика на Балканот, макамите од Блискиот Исток, постпанкот, атоналната музика итн. И Вагабундо и Лео Енигма со Констатации за констипации (интермецо): рецитирање рими во ритам.

Користувањето на јавниот простор во градот е мала енигма за сите граѓани на Скопје. Сѐ уште не сме свесни кои се можностите и локациите за презентација на уметничка творба. Во светот, па и во блиското соседство, се креираат културни и креативни содржини во напуштени фабрики, стари железнички станици, распаднати објекти, но ние генерално доцниме со овие текови. И во минатото имало и во иднина ќе има обиди за активирање на „неместа“од градот, а нивниот придонес во поглед на откривање на можностите е токму гаражата кај Плочник.

2

Испрати коментар

Scroll To Top