Во исполнетата конференциска сала на хотелот „Мериот“ вчера во Скопје се одржа меѓународниот настан SHARE International Architecture Forum, во организација на Pro Event Association и во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијација на архитекти на Косово, Албанската асоцијација на архитекти и во партнерство со Комората на архитекти во Бугарија.
Настанот SHARE International Architecture Forum беше фокусиран со презентации на разни архитектонски примери и резултати од нашиот регион, но и од светската архитектура, како и на фасади, покриви, подови и ентериерски дизајн.
Најпрвин на свеченото отворање со свои говори беа претставени организаторите на форумот што се Florin Mindirigiu – главен организатор и претседател на Pro Event Association, арх. Мартин Пановски – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, арх. Астрит Никша – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Косово, арх. Борислав Игнатов – претседател на Комората на архитекти во Бугарија, арх. Арманд Вокши – претседател на Асоцијацијата на албанските архитекти.
Потоа со свои презентации на свои најзначајни проекти се претставија арх. Керем Јазган од Yazgan Design Architecture, арх. Johannes Baar – Baarenfels од Baar-Baarenfels Architekten, арх. Ангел Захариев од A&A ARCHITECTS OOD, арх. Џузепе Фарис од Studio Farris, арх. Пако Радовановиќ од РАДО Инженеринг Скопје, арх. Јана Гугуловска од RADiUs Architects, арх. Ѓорѓи Мојсов – архитект во ГМС, арх. Илир Мурсели од MA+P, арх. Бесиан Мехмети од студио БМА…
Проектите што бea презентирани од меѓународните и македонски архитекти на SHARE Skopje 2017 биле наградени на конкурси и архитектонски натпревари како што се World Architecture Festival, Iconic Awards, Architizer a+ award, Wan Awards, MIPIM, European Property Awards, German Iconic Awards, World’s Best International Highrise Architecture -International Property Awards, Aga Khan Award for Architecture, Mies van der Rohe Awards.
Исто така, меѓу говорниците учествуваа и претставници на познати градежни и производствени компании со креативни и современи решенија за фасади, покриви, подови и ентериери како што се Sisecam Flat glass, Аgrob Buchtal, Knauf Insulation, Velux, Alumil…
Како специјален гостин и последен презентер на конференцијата беше арх. Maurizio Meossi, senior Associate of Zaha Hadid Architects. Тој на публиката na SHARE Skopje 2017 ги сподели своите искуства со архитектонски концепти кои стоеја зад резиденцијалниот комплекс CityLife Milano. Како соработник од 2014 година, Maurizio Meossi ги предводел дизајнерските тимови за други големи станбени проекти како што се Grace on Coronation residential towers во Бризбејн, Австралија (во моментов се градат) и два објекта во Мексико, вклучувајќи го и проектот Esfera Monterrey, комплекс од 981 станови. ФОТО: Киро Попов, Ангел Ситновски