Насловна / Вести / Се очекува експанзија на пловечките соларни електрани

Се очекува експанзија на пловечките соларни електрани

Се очекува глобалниот пазар на пловечки фотоволтаични електрани, да ја надмине границата од 6 GW до 2031 година, додека девелоперите се борат да ја задоволат растечката побарувачка и бараат алтернативни развојни технологии.  Ова го покажува најновата анализа нa Wood Mackenzie. Се очекува овие постројки да имаат стабилен пазарен удел во споредба со вкупната глобална побарувачка за соларна енергија, при што се прогнозира зголемување на годишната стапка на пораст (CAGR) за пловечките фотоволтаици (FPV) за 15% во следните десет години.

FPV1

fpv2

Wood Mackenzie предвидува дека 15 земји ќе надминат 500 MW кумулативни FPV инсталации до 2031 година, при што Индонезија, Индија и Кина ќе сочинуваат речиси 70% од моќноста на овие постројки. Во 2022 година, Азија и Пацификот имале приближно 3 GW инсталиран капацитет во пловечки фотоволтаици, што изнесувало околу 90% од глобалната инсталирана моќност во оваа технологија. Со речиси 150 MW, Европа е втор најголем регион во однос на FPV, а предничат Холандија и Франција.

fpv3

Испрати коментар

Scroll To Top