Соединетите американски држави до крајот на оваа година ќе ја претекнат Саудиска Арабија по обемот на дневно производство на нафта. Весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на експертите на Меѓународната агенција за енергетика, наведува дека САД стануваат најголем светски производител на нафта.
Во јуни и август САД и Саудиска Арабија оствариле еднакво производство на нафта и течен гас, односно по 11,5 милиони барели.
Натамошниот раст на капацитетите за производство на нафта во САД дава основа за заклучок дека во тековната година САД ќе ја престигне Саудска Арабија по производство на нафта, што не се случило од 1991 година.