Насловна / Вести / Се исклучува последната електрана на јаглен во Велика Британија

Се исклучува последната електрана на јаглен во Велика Британија

Последната британска електрана на јаглен престана со работа минатата недела, со што Велика Британија ја затвори својата 142 години долга историја на производство на електрична енергија од овој енергент. Станува збор за електраната Ratcliffe-on-Soar, која се наоѓа во централна Англија. Најголем дел од постоечките 170 вработени ќе продолжат да работата во текот на претстојниот двогодишен период на ставање на електраната вон погон.

Со овој чин, Велика Британија е првата земја од G7 која го исфрла јагленот, иако некои други европски држави како Шведска и Белгија го сториле тоа порано. Електраната Ratcliffe-on-Soar, започнала со работа во 1968 година. Во 1990 година, јагленот обезбедувал речиси 80% од електричната енергија во Велика Британија, До 2012 година, тој удел паднал на 39%, а во 2023 само 1%. Повеќе од половината од електричната енергија сега се обезбедува од ветер и Сонце, а остатокот од природен гас и нуклеарна енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top