Новиот ветерен парк кој се гради во Јадранско море, ќе се состои од 56 турбини со темели прицврстени за морското дно, на две локации во близина на Равена. Едната локација е оддалечена нешто повеќе од 8 наутички милји од брегот, а другата околу 12 наутички милји. Проектот опфаќа и пловечка соларна технологија и производство на „зелен“ водород, соопштуваат од компанијата Saipem, која е еден од партнерите во проектот. Партнер е и компанијата AGNES, која развива ветерни паркови на море, пловечки соларни електрани и системи за складирање на енергија. AGNES исто така се занимава и со производство на водород. Третиот партнер во проектот е QINT’X. Рокот за изградба и пуштање во погон на овој парк е 3 години.