Во рамките на проектот „Ревитализација на навигационата инфраструктура на Бегеј“ (BEGA), се изведуваат работите на изградба на велосипедската патека од местото Клек во Србија до границата со Романија, како дел од целокупната траса на патеката Зрењанин – Темишвар. Делницата која во моментот се работи, ќе биде изградена долж насипот на каналот Бегеј. Вкупната инвестиција е два милиони евра. Трасата на велосипедската патека Зрењанин – Темишвар е долга 75 километри. Во септември сите изведбени работи ќе бидат целосно завршени.
Проектот BEGA, освен изградбата на оваа патека опфаќа и санација на хидротехничките објекти во ова подрачје. Еколошкото значење на овие активности е огромно, бидејќи претставува и прв чекор во решавањето на повеќедеценискиот проблем со многу загадениот седимент на дното од кaналите и повторно активирање на пловидбата на Бегеј. Велосипедската патека се очекува да придонесе за одржливо поврзување на прекуграничниот регион.