Магистралната сообраќајница A4 (М-6) Штип – Радовиш – Струмица, претставува основна патна врска меѓу Источна и Западна Македонија. Нејзиното пошироко гравитационо подрачје опфаќа повеќе региони во државата со посебни обележја и различен степен на економски развој.
Слика 1. Траса на експресниот пат Штип – Радовиш со приказ на патните јазли
Повлекувањето на трасата од патен јазол Три Чешми до патниот јазол Радовиш е направено на четири делници кои главно се поделени према начинот на изградба. Првата и четвртата делница се водат по постојниот магистрален пат кој се реконструира и проширува од пат со две ленти на експресен пат со две проточни ленти и две ленти за застанување. Проширувањето е направено наизменично, према страната каде има помалку ограничувања и каде се остава и можност за идно проширување до автопат. Втората и третата делница се водат како нова траса северно од постојниот пат над населените места и главно по парцели на Република Македонија. Ваквото повлекување на осовината изнудува трасата да е со голем број на теренски ограничувања.
ПРОФИЛ НА ПАТОТ
Патниот превец e на ниво експресен пат со ширина од 2×3.5 + 2×2.2 = 11.4 km која би претставувала I фаза на идниот автопат (фаза II) со вкупна ширина од 4×3.75 + 2×2.7 + 4.0 = 25,4 м.
Слика 2. Геометриски напречен профил на експресен пат
Слика 3. Геометриски напречен профил на автопат
Во текот на проектирањето на хоризонталното и вертикалното решение на експресниот пат водено е сметка за истиот да прерасне во автопат, со надоградба на една страна, што е изводливо по целата должина на трасата поради релативно благите теренски услови.
СИТУАЦИЈА И НАДОЛЖЕН ПРОФИЛ
На сите делници применети се елементи за хоризонтално и вертикално решение за брзина од 110 km/h.
Со предвидената проектна брзина е конструирана осовината на експресниот пат која всушност преставува компромис помеѓу техничко-економските, просторните, фукционалните, естетските и други карактеристики на трасата од една и актуелните фактори на ограничување и условувања што ги нуди теренот во кој се трасира од друга страна.
Хоризонталното решение на трасата е дефинирано со правци меѓу кои се вметнати соодветни хоризонтални и преодни хривини. Минимални применети елементи на хоризонталното решение се Rmin=550m и Lmin=100m.
Вертикалното решение во најголема мера е дефинирано од постојните теренски услови како и од висинската поставеност на постојниот регионален пат (на места каде се предвидени денивелираните патни јазли)
Применетите наклони се во граница на дозволените и се со големина од imin=0.5% до imax=3.0%.
При дефинирање на нивелетата водено е сметка да прекршните точки бидат во правец или во близина на средина на хоризонтална кривина како и должината на тангентите да биде поголема од проектната брзина (Тgv>110м).
ПАТНИ ЈАЗЛИ
Поврзувањето со блиските населени места со новопроектираниот пат А4 е овозможено преку денивелираните патни јазли поставени на пресекувањето со регионални и локални патишта. Клучките се планирани по следните принципи и технички критериуми:
• Со големини на хоризонталните радиуси на повратните индиректни излезни рампи кои го предодредуваат останатиот дел на геометриското решение на начин да по директните или полудиректните рампи се реализира брзина од 30-40км/ч;
• За рампите се предвидени униформни широчини на еднонасочните коловози од 5.5м и банкини од по 1.5м лево и 1.0м десно согласно на градежната пракса во Македонија;
• По експресниот пат рампите се планирани со ленти за исклучување и вклучување, а истото решение по споредниот правец е планирано по потреба.
• Надолжните профили на рампи се изработени по вообичаената постапка – со почетни и крајни коти изведени од надолжните профили на основните правци и потребното витоперење во дадените точки.
Денивелиран патен јазол „Штип Југ“
Поврзувањето на новопроектираната експресна сообраќајница со постоечкиот магистрален пат А4 и регионалниот пат за Штип (1204) е остварено со денивелирана раскрсница систем “Труба”.
Слика 4. Denivelisana putna petlja Štip Jug
Денивелиран патен јазол „Долани“
Поврзувањето на експресниот пат со постојниот локален пат е овозможено преку денивелиран патен јазол тип “Ромб”, чија точна позиција е дефинирана на пресекот на новопроектираниот и постоечкиот пат.
Слика 5. Денивелиран патен јазол „Долани“
Денивелиран патен јазол „Лакавица“
Поместувањето на новиот магистрален пат А4 над постојниот изнудува претходното спојување со регионалниот пат Р1103 да се развие на понисоко ниво од класично вкрстување со пресечни токови во денивелирано поврзување со проточни токови.
Слика 6. Денивелиран патен јазол „Лакавица“
Денивелиран патен јазол „Бучим“
Oвозможува денивелирано поврзување на новопроектираниот Експресен пат А4 со постојниот магистрален пат А4 (претходно М6) кој што останува како пат за моторен сообраќај, и постојниот локален пат за село Бучим и рудникот “Бучим”.
Слика 7. Денивелиран патен јазол „Бучим“
ЗАКЛУЧОК
Несомнено е дека со реализација на овој патен правец се отвораат можности за подобро поврзување на регионите, овозможување на побрз транспорт на луѓе и стока, што секако е основа за поинтензивен економски развој.
Со спој на патниот правец А4 Штип – Радовиш со автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се овозможува комуникација со регионите надвор од државава и пошироко. Исто така, со изведбата на овој пат се скратува времето на патување, сообраќајот се одвива побезбедно, а во голема мера се намалуваат и трошоците на учесниците во сообраќајот.
Автори: Горан ЃОРЃЕВИЌ, дипл. град. инж.
Ристо РИСТОВ, дипл. град. инж.