Насловна / Вести / Се гради нов сквер во Кисела Вода

Се гради нов сквер во Кисела Вода

rsz_jadran-skver-pesacki-01
Во близина на економско-правното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Kисела Вода се гради нов сквер, а по барање на граѓаните од оваа општина. Од Општина Kисела Вода информираат дека тој ќе се протега на површина од 400 квадратни метри, ќе биде комплетно хортикултурно и партерно уреден, со клупи, канделабри, јавна чешма и парковско зеленило.

Просторот, кој ќе биде поделен на два дела, се очекува да биде готов до крајот на месец фебруари. Предвидено е да има парк со фонтана-чешма и детско игралиште.

Проектот е изработен од проектантската куќа „Инпума“, а изведувач е АД „Пелагонија Гостивар“. Инвестицијата чини околу 34 илјади евра.

Испрати коментар

Scroll To Top