Насловна / Архитектура / Се гради највисокиот облакодер во Јапонија

Се гради највисокиот облакодер во Јапонија

Во Јапонија почна изградбата на највисокиот облакодер, висок 330 метри. Кога ќе се изгради, што се очекува да биде до 2023 година, ќе ја надмине за 30 метри сегашната највисока зграда во Јапонија, „Абено Харукас“. Покрај овој облакодер, уште два ќе бидат изградени во рамките на проектот за развој на округот Тораномон-Азабудаи во Токио и дизајниран од Pelli Clarke Pelli Architects. Овој облакодер ќе биде првото нешто што посетителите ќе го забележат кога ќе доаѓаат во Токио.

Japonija

На оваа локација се гради уште една висококатница, западен облакодер кој треба да биде висок 263 метри. Со оваа висина, тоа ќе стане втората највисока зграда во градот.

Блокот ќе опфати вкупно 860.400 квадратни метри и ќе вклучува комерцијални и станбени простори, продавници, хотел, галериски простор и училиште. Главната 64-катна кула главно ќе се состои од канцелариски простор, додека на долните катови ќе има малопродажни места и на последните 10 ката се станови.

Japonija1

Другите два облакодери ќе бидат претежно станбени. Источната кула ќе има 40 спрата простор за живеење над хотелот со 120 соби, додека западната кула ќе има 58 спрата простор за живеење над шест ката на канцелариски простор.

Кулите ќе бидат поврзани со подземно шеталиште. Во рамките на оваа патека ќе има продавници и ресторани.

Japonija3

Pelli Clarke Pelli Architects е студио основано од аргентинско-американскиот архитект Сезар Пели, кој почина на почетокот од оваа година, а познат е по дизајнирање на некои од највисоките згради во светот. Минатата година, студиото ја заврши Кулата на Salesforce, која стана највисоката зграда во Сан Франциско.

Japonija2

Испрати коментар

Scroll To Top