Најголемото батериско складиште за енергија во светот се гради во Саудиска Арабија, а има за цел да придонесе во развојот на индустријата на обновливи извори на енергија и остварување на целите на Саудиската визија 2030, со оптимален енергетски микс од 50% енергија од обновливи извори. Неодамна BYD Energy Storage и Саудиската електроенергетска компанија, потпишале договор за проект за батериско складиштење со капацитет од 12,5 GWh. Во комбинација со претходно испорачаниот проект од 2,6 GWh, вкупната соработка сега достигнува 15,1 GWh.
Оваа соработка ја покажува одлучноста на Саудиската електроенергетска компанија да воведе напредни технологии за складирање на енергија, со цел да ја унапреди ефикасноста на користењето на енергија и да го поттикне развојот на секторот на обновливи извори на енергија. Системите за складирање на енергија со капацитет од 12,5 GWh ќе бидат во целост интегрирани во системот за пренос на енергија на Саудиска Арабија, играјќи клучна улога во решавањето на предизвиците кои настанале поради се поголемиот број на системи за производство на енергија од обновливи извори, обезбедувајќи стаблна снабденост со енергија и задоволувајќи ги врвните енергетски потреби. Во меѓувреме, ќе придонесе во развојот на енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија на флексибилен, ефикасен и економски исплатлив начин, помагајќи во енергетската трансформација и давајќи поттик во националната енергетска безбедност.
Батериската енергетска опрема ќе биде инсталирана на пет локации. BYD Energy Storage ќе и испорача на Саудиската електроенергетска компанија ESS (Energy Storage system) нови генерации под името MC Cube-T.