Компанијата IKEA Centres, која е дел од централната трговска група IKEA започна проект вреден 33 милиони евра за изградба на првата фаза од комплексот Designer Outlet Croatia кој ќе биде сместен покрај стоковната куќа IKEA во Загреб.
Во првата фаза проектот ќе се протега на површина од 15.000 квадратни метри со 90 локали со просечна површина од 170 квадратни метри, кои закупците ќе можат да ги спојуваат за потребите од поголеми дуќани.
Посебен шарм на искуството на купување во комплексот Designer Outlet Croatia ќе му даде архитектурата инспирирана од стилските елементи на куќите во Славонија, Истра, Кварнер, Далмација, Загреб и северозападна Хрватска.
Отварањето се планира за пролетта 2018 година.