Насловна / Вести / Се гради најдолгиот далекувод во светот

Се гради најдолгиот далекувод во светот

Podzemen morski kabel

Британскиот енергетски гигант National Grid и норвешката компанија Statnett SF  ќе изградат далекувод долг 740 километри, од кои 730 километри се протегаат под морето. Инвестицијата вреди 1,5 милијарди евра.

Dalekovod najdolg vo svetot1

Велика Британија и Норвешка се договорија значително да ја интензивираат енергетската соработка преку овој проект за изградба на најдолгиот далекувод. Во изградбата ќе се искористи вкупно 1.450 километри кабел, испорачан од страна на компаниите Prysmian и Nexans. Капацитетот на далекуводот е проектиран на 1400 MW.

Podzemen kabel i podmorski shema

Со овој проект енергетската соработка помеѓу двете земји ќе стане поефикасна, а ќе се поттикне и развојот на обновливите енеретски извори. Овој далекувод веќе се претставува како важен сегмент на идната електропреносна мрежа која ќе ја поврзува територијата на цела Европа.

dalekovod najdolg vo svetot2

Се очекува оваа конекција да профункционира во 2021 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top