Во Панчево наскоро ќе започне изградбата на нова населба со 224 стана, која ќе биде првата енергетски ефикасна населба во Србија. До септември се очекува градежната дозвола за проектот, со кој Панчево веќе се позиционираше како прв зелен град во земјата. Ќе бидат применети материјали со особено изразени термоизолациони својства, како и апликации за греење кои ќе користат обновливи извори – топлотни пумпи и соларни колектори. Проектот опфаќа комплекс од 14 станбени објекти со по 15 станбени единици, односно 224 стана, чија просечна површина ќе изнесува 60 метри квадратни.