Во населбата „Триангла“ во Гази Баба ќе се отпочне со изградба на втората фаза од атмосферската канализација за ова населено место, која е во должина од 850 м. Вредност на инвестицијата е шест милиони денари.
Во насока на решавање на проблемот со атмосферските води е и уредувањето и чистењето на каналската мрежа, Оваа активност континуирано ја прави општина Гази Баба во соработка со ЈП „Водостопанство Скопско Поле”.
Како и изминатите години, така и оваа, општината ја превзема обврската за субвенционирање на граѓаните за надоместокот за одводнување за земјоделска површина од 2175 ха, во износ од 3.882.672,00 ден.
Во моментот се работи на реконструкција на пропустите на одводните канали, со што ќе се овозможи зголемување на нивната пропусна моќ. Овие активности се прават во населените места Инџиково, Трубарево, Јурумлери, Колонија и Идризиво, а вкупната инвестиција изнесува 1.5 милиони денари.