Насловна / Вести / Се градат потпорни ѕидови на улиците во Велес

Се градат потпорни ѕидови на улиците во Велес

Spomenik_na_Ilindencite_vo_Veles

Потпорни бетонски ѕидови се изградени на повеќе улици во Велес, со цел да се превенира лизгање на земјиштето. Потпорните ѕидови, како што велат од локалната власт, се изградени по барање на жителите, а по увид на стручни екипи на терен. Целта е да се заштитат некои од улиците од лизгање на земјиштето поради конфигурацијата на теренот.
Овие денови се изведуваат градежни активности за изградба на потпорен ѕид на улица „Трајко Митев“ во должина од 16 метри и височина од 2,5 метри. Средствата за овој зафат се во висина од 200 илјади денари и се од буџетот на Општина Велес.

Испрати коментар

Scroll To Top