Насловна / Арт и дизајн / Се ближи најголемата изложба на делата на Леонардо, но една мистерија сеуште не е решена

Се ближи најголемата изложба на делата на Леонардо, но една мистерија сеуште не е решена

Најголема изложба на делата на Леонардо да Винчи по повод 500 годишнината од смрта на уметникот ќе биде отворена во парискиот музеј Лувр. Но иако се ближи датумот, една работа сеуште е под знак прашање.
Најважното случување во светот на уметноста во последните неколку години предизвика големо внимание во јавноста, па на поставката која се отвари на 24. октомври ќе можат да присуствуваат само оние кои на време резервирале карти.

ле1
На оваа голема изложба за прв пат на едно место да се најдат толкав голем број слики, скици и цртежи на ренесансниот гениј. Родната земја на Да Винчи, Италија и помогна на Франција во подготовката и на неколку месеци и ги отстапи некои од највредните дела.
Меѓутоа уметничкиот свет и понатаму шпекулира дали„Спасител на светот“, најскапата и една од најконтраверзните слики на светот, за која веќе пишувавме во Порта 3, ќе се најде на изложбата.

ле2
Изложбениот простор е осмислен така што може лесно да се прилагоди, доколку сепак некои дела не стигнат. Ова укажува дека авторите сеуште не знаат дали ќе дојде мистериозното дело, за чија локација се шпекулираше последните месеци.
Вредноста на „Спасителот на светот“ вртоглаво порасна од 1.175 долари на 450 милиони, кога по завршување на реставрацијата извршена од Дајана Модестини, во 2011 г. авторитетите со консензус, на чело со директорот на Нациналната галерија во Лондон Николас Пени, потврдиле дека сликата е на Леонардо да Винчи.
Меѓутоа експертите од светот на уметноста изминатите месеци мораа да решат уште една непознаница – каде воопшто се наоѓа најскапата слика на светот?
„Њујорк Тајмс” откри дека на аукцијата во 2017. година ја купил застапник на саудискиот принц Мухамед бин Салман. Пота се појавија гласини дека сликата сред ноќ е префрлена на јахтата на престолонаследникот „Серена“. Јахтата долга 134 метри, ова лето беше укотвена во близина на египетскиот град Порт Саид, „Спасителот на светот“ најверојатно краси некоја од нејзините простории.
Лувр ја барал сликата на позајмица, но се зборува дека се откажале од идејата, бидејќи постои сомневање дека сликата сепак не е дело на рацете на Леонардо, туку на негов помошник.

Испрати коментар

Scroll To Top