Насловна / Арт и дизајн / Се бара уметник за да го наслика акумулаторот на топлина во ТЕ-ТО Загреб

Се бара уметник за да го наслика акумулаторот на топлина во ТЕ-ТО Загреб

te-to-zagreb

Друштвото на архитекти на Загреб, за потребите на компанијата ХЕП спроведува јавен конкурс за избор на уметничко – ликовно решение со кое ќе се наслика новоизградениот акумулатор на топлина во Термоелектраната – Топлана (ТЕ-ТО) Загреб. Конкурсот е објавен на 14 октомври и ќе трае до 23 ноември 2016. Се работи за еден од првите вакви проекти кој е спроведен на индустриска постројка, не само во Хрватска туку и во регионот.

Се очекува победникот на конкурсот и идејниот проект да бидат избрани до крајот на годината. Акумулаторот на топлина во ТЕ-ТО Загреб е пуштен во работа во декември 2015, со цел оптимирање на производството на електрична и топлинска енергија и генерирање на заштеди.

Оптимизацијата на производството се постигнува преку управување со вишоците на топлинска енергија, кои во акумулаторот се складираат и чуваат во вид на топла вода. Капацитетот на акумулаторот кој е висок 53 метри  е 150 MW, при разлика на температурата на излезната и влезната вода од 40 степени Целзиусови.

Се работи за прв проект од ваков вид реализиран во Хрватска, а во согласност со одредбите од Третиот енергетски пакет на Европската Унија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top