Насловна / Вести / Се бара повисока цена за емисиите на јаглерод диоксид

Се бара повисока цена за емисиите на јаглерод диоксид

G20 Germanija 2017

Германското претседателство на групата Г20 ги собра глобалните лидери во Берлин на самитот Think20. Нив им се приклучиле и 13 реномирани економисти кои бараат подобра заштита на климата и наведуваат повисоки конкретни цени за таксите на емисијата на јаглерод диоксид. Мисијата на економистите е дека емисијата на овој загадувач најголем виновник за климатските промени, треба да добие реална, релевантна и глобална цена, пишува Deutsche Welle. Досега системот за тргување со емисии постоеше само во некои земји и региони. Меѓутоа, цената е прениска за да се случат какви било позитивни поместувања.

G20 global solutions Berlin

Тоа мора да се смени, уверуваат американскиот добитник на Нобелова награда Joseph Stiglitz  и британскиот лорд  Nicholas Stern. Оваа такса ќе мора да почнат сите да ја плаќаат, со тоа што за земјите во развој и земјите во транзиција цената ќе се формира земајќи ја предвид и нивната економска моќ. Но, сепак таа мора да остане во определени граници за да биде ефективна, објаснува лорд Stern, кој е професор на лондонската Школа за економија. Овој чекор мора да се преземе час поскорo, бидејќи во следните години на мрежа ќе се приклучат многу нови електрани според растечката потреба од енергија. Инфраструктурата во наредните 20 години ќе биде два пати поголема и ако се гради на база на денешните „валкани“ технологии, тогаш целите за борба со климатските промени ќе станат недостижни.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top