Насловна / Вести / Се бара поништување на дозволата за ХЕС„Горна Дрина“

Се бара поништување на дозволата за ХЕС„Горна Дрина“

Дваесет и четири пратеници од Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, поднесоа до Уставниот суд на БиХ барање за решавање на спорот со ентитетот  Република Српска, предизвикан со Одлуката за користење на ХЕ „Бук Бијела“, ХЕ „Фоча“ и ХЕ„Паунци“ на реката Дрина, во општината Фоча.

Да потсетиме, Србија и Република Српска потпишаа во Бања Лука заедничка изјава за изградба на овие три хидроцентрали во горниот слив на Дрина, кои ќе го сочинуваат хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Горна Дрина“. Истовремено, Србија и Република Српска основале заедничко вложување за изградба на системот во кој ЕПС (Електропривреда Србије) е мнозински сопственик со 51%. Подносителите на барањето сметаат дека властите во ентитетот Република Српска го повредиле Уставот на БиХ и правото на државата БиХ да располага со државниот имот. Во своите претходни одлуки Уставниот суд утврдил дека државниот имот има посебен статус, и дека ја одразува државноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Со цел да се спречат штетните последици од активностите на Република Српска, пратениците предлагаат Уставниот суд да донесе привремена мерка со која се запира примената на Одлуката и Договорот за концесија за изградба на хидроелектраните на Дрина, до донесување на конечна одлука.

drina1

drina2

Испрати коментар

Scroll To Top