Трендот на проѕирни подови во јавни згради одамна зема замав. Но, конечно некој го привлече вниманието на јавноста на еден сосема очигледен недостаток на овие решенија.
Прашината се дигна по еден краток твит на новинарката Carolina A. Miranda од културната редакција на Лос Анџелес Тајмс. „Идеја: Од сите машки архитекти би требало да се побара да се прошетаат по сопствените згради во здолниште“, гласел нејзиниот твит кој предизвикал лавина од коментари и голема подршка од женската архитектонска заедница. Некои дами дури предложиле дека идејата би требало да се прошири и да се уфрлат и виоски штикли „во микс“ дури и со колички за бебиња.
Иако идејата на прв поглед некому може да делува несериозно, позади неа стои критика која е сосема на место. Иако деловните објекти се проектираат така да бидат достапни за сите, поедини решенија едноставно не се погодни за сите и потребно е само малку да се размисли како би се видело и зошто. Едноставно женската гардероба вклучува и здолништа кои е незгодно да се носат додека чекорите по проѕирен под.
Меѓутоа не се само деловните објекти проблематични. Овој проблем е присутен и на архитектонските факултети ширум светот. Еден од учесниците во оваа твитер дискусија John Hill од платформата Archidose, укажал на дизајнот на катедрата за архитектура на државниот колеџ во Њујорк, проектиран од архитектот Rafael Vinoly, а завршен во 2009 година. Еден од коментарите се однесувал токму на тоа и дека современите архитекти во 21 век „треба да знаат подобро“.
Но, колку и да се чести проѕирните подови во зградите на архитектонските факултети во САД, интересен е податокот дека во последните години преку 40% архитектонски дипломи се врачени на жени кои поминуваат низ истите овие ходници држејќи го здолништето со раце, да не случајно се рашири во незгоден момент.
Продавница на Apple во Шангај
Во група на слични „ненамерно шовинистички“ ентериери спаѓаат и бројните „instagram-friendly“ градби, како што се футуристичките продавници на Apple и други популарни објекти. Всушност сите ентериери кои содржат примамливи стаклени скали.
Американската критичарка Joanne McNeil најдобро ја сумирала оваа проблематика во својот труд објавен уште во 2010 година. Тогаш кажала:
„Доклоку би посакала да отворам некаква продавница и за таа прилика ангажирам архитекта и тој ми донесе проекти кои вклучуваат стаклени скали, би му кажала да си оди и никогаш да не се врати. Доколку архитектот не е доволно иновативен да сфати дека на жените во здолниште може да им биде непријатно додека се движат низ таков простор, (било тоа стакло заматено или не) којзане кави други грешки би направил во истиот проект?“
Apple
Извор: LA Times