Насловна / Вести / Се асфалтираат двете тениски игралишта во Штип

Се асфалтираат двете тениски игралишта во Штип

   tenis11
Денес започна асфалтирањето на двете тениски игралишта во Штип, проект кој локалната самоуправа го спроведува во соработка со Агенцијата за млади и спорт. До мултифункционалното игралиште во населбата „Сењак“, кое исто така беше завршено пред неколку месеци во соработка со АМС, се конструирани и две тениски игралишта кои денес ќе добијат асфалт:
tenis13
– Ова е проект вреден над 120.000 евра и со него ќе се комплетира овој спортски дел, во овој дел на градот. Овие тениски терени ќе бидат можност многу млади да започнат да спортуваат и да го изберат тенисот. Ние до крајот на месецот ќе започнеме и со реконструкција на градскиот стадион, проект кој го правиме со ФФМ, – изјави градоначалникот на Штип,  Илчо Захариев.

Испрати коментар

Scroll To Top