Општина Штип денес започна со асфалтирање на уште еден крак од улицата „Радански пат“, во т.н Ромско маало во градот. Сообраќајницата е со должина од 800 метри и беше една од најоштетените.
Сообраќајот се одвиваше тешко бидејќи улицата беше во лоша состојба, затоа што цементот кој беше ставен пред неколку децении беше распаднат и во очајна состојба, пренесува „старплус“ на ТВ Стар. Со асфалтирањето, се овозможува користење на оваа сообраќајница за поврзување на центарот со населбата „Сењак“ по скратен пат. Градоначалникот Захариев најави уште поголема патна офанзива и дека наместо 20, до крајот на летото во Штип ќе бидат асфалтирани најмалку 30 улици.