SCHÜCO децентрализирани вентилациски системи – прочистен и свеж воздух без загуби на топлина
Потребата од внесување на доволна количина свеж воздух во просториите сега е изразена повеќе од било кога. Новото секојдневие наложува ефективна вентилација, како еден од најважните фактори за заштита од опасностите од непосакуваните честички во воздухот.
Неправилно проветрена просторијата води до влага, отровни испарувања (VOC) и високо ниво на CO2.
Со класично, рачно прозорско проветрување на згради со централно затоплување, дури и при често отворање не може да се постигне неопходната минимална размена на воздух.
Schüco развива вентилациски уреди, кои овозможуваат самите ние да одредиме кога, колку и од каде да премине воздухот, за да се избегнат: дефекти во конструктивните детали, влага и намалување на квалитетот на материјалите, неконтролирана загуба на топлина и здравствени проблеми.
Schüco VentoAir
Вентилација преку затворено крило
Schüco VentoAir е саморегулирачки вентилациски уред без обновување на топлина. Инсталацијата е брза и лесна, а уредот е сокриен во процепот на прозорското крило.
Вентилот на VentoAir реагира на промените во притисокот на воздухот и обезбедува контролирана вентилација без да се создава провев во просторијата.
Schüco VentoFrame
Вентилација преку интегрирани канали во прозорската каса
Schüco VentoFrame е енергетски ефикасен вентилациски уред, монтиран на прозорската каса. Има варијанта за подобрена звучна изолација.
Видливоста на уредот е минимална, а истовремено постига термичка изолација, звучна изолација и воздушен проток до 33 m³/h.
Има можност за поставување на филтри за заштита од прав, полен и инсекти.
Schüco VentoPlus
Вентилација преку проширен профил или прозорско крило
Schüco VentoPlus е уред за снабдување со воздух, воден од законите на физиката на зградата. Може да се инсталира на екстензија од профилот или во процепот на крилото.
Обезбедува автоматско прилагодување на протокот на волумен на воздух, благодарение на механички сензор за влажност.
Schüco VentoTherm Twist
Вентилација преку проширен горен или страничен профил
Schüco VentoTherm Twist овозможува контролирана размена на воздух, според специфични потреби на просторијата.
Ги задоволува највисоките стандарди на енергетска ефикасност со 80% обновување на топлината.
Вентилацијата е контролирана од сензор за квалитет на воздухот во затворен простор.