Насловна / Арт и дизајн / Сценографијата на Numen/For Use за „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски

Сценографијата на Numen/For Use за „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски

Numen/For Use е колектив кој работи во областа концептуална уметности, сценографија, индустриски и просторен дизајн.

Групата прв пат е формирана 1998. година као заеднички напор на индустриските дизајнери Sven Jonke, Christoph Katzler и Никола Радељковиќ, под слоганот For Use.

Во 1999 година го воспоставуваат Numen како колективен идентитет, кој ги покрива сите проекти реализирани надвор од сферата на индустрискиот дизајн. Групата е добитник на неколку меѓународни награди за достигнувања во областа на индустрискиот и сценскиот дизајн.

2

Numen/For Use, познати и по мебелот за хрватскиот брендот Prostoria, ентериерите за хотелите Лоне и Амарин во Ровињ и бројните просторни решенија ширум Европа, ја работеа сценографијата за новата претстава на Југословенско драмско позориште од Белград.

Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ во режија на Александар Поповски, работена според драмскиот текст на Ева Махковиц, инспириран од познатиот роман на Луис Керол, премиерно е изведена на 3. февруари годинава.

13

Импозантен впечаток со ограничени средства

Како што наведуваат авторите на својата веб-страница, конструкциите на надувување се незаменливи кога се сака да се постигне релативно импресивен впечаток со ограничени средства. Така, максималистичкиот концепт на „Алиса во земјата на стравовите“ свесно поаѓа од типичната волуменозност и приспособливост на едноставна надуена ткаенина, пишува Градња.рс.

1

„Главната просторна идеја беше да се создаде малку претеран, халуцинантен пејзаж, сличен на оној овековечен во анимираниот филм на Дизни од 1951. година, со цел да се долови чудното подземје на потсвеста на Алиса. Балоните на илузии, кои полека се издувуваат, исто така се чинеа соодветни како метафора за егзистенцијалните маки на милениумците“, велат од Numen/For Use.

Во воведната сцена, Алиса (Милена Радуловиќ) и Белиот зајак (Небојша Љубишиќ) седат на столчиња за лулање на едноставна тревна позадина, учествувајќи во нешто што делува како импровизирана психијатриска сеанса.

4

Меѓутоа, смирувачката зелена ливада набрзо ќе се лизне под нозете на протагонистите и ќе ги втурне во аквамарински осветлен подземен свет на Долината на стравивите. Таму ќе ги пречекаат меки, аморфни облаци на човечкото внатрешно искуство, населени со особени ликови кои пеат, скокаат, лебдат или летаат.

8

Падобранска ткаенина како главен материјал

Фантазмагоричната сценографија е во разиграна спротивност со начинот на кој драматургот Ева Махковиц одлучила да му пристапи на романот на Керол, фокусирајќи се на актуелните теми за современите неврози и фобии.

9

Сонливата шума на луди печурки и алиенови јајца, осветлена со психоделична расвета во нијанси на розова и зелена, со леснотија се претвора во дистописки суморен вулкански пејзаж, во моментот кога светлината станува строга и брехтовска бела.

11

2

Седиштата и мизансценот се решени со користење на исечени перници од компресирана пена, скриени под надуено платно.

Главниот користен материјал е падобранска ткаенина од полиестер во големи количини, сечена и шиена во форма на карпи во облик на јајце, урбани тескоби и гигантски виршли.

12

5

10

6

Испрати коментар

Scroll To Top